Како се проектираат јавните простории во Скопје?
Од вкупно 364 реализирани јавни простори на територија на град Скопје, во период од
Архитектура на солидарноста и едноставноста: две нови засолништа за бездомни кучиња во Аеродром
Присуството на бездомните кучиња во урбаниот пејзаж на Скопје ја нагласува потребата од колективен придонес и ангажираност за нивна поголема заштита и добросостојба.
ХУМАНИ ГРАДОВИ е граѓанска иницијатива основана во 2020 година. Целта на оваа иницијатива е да придонесе кон унапредување на формалните модели на планирање на градот и градските простори, но и да понуди нови, алтернативни модели на планирање на градот и градските простори преку кои се промовираат и негуваат инклузивниот пристап, интересите на заедницата и јавното добро.
Што работиме
Истражување и анализа
Ги анализираме и оценуваме квалитативните особености на јавните простори и ги следиме и анализираме законските решенија и измени кои директно влијаат врз квалитетот на градското живеење, но и заштитата на животната средина и животните.
ИЗРАБОТКА НА СТУДИИ
Планирањето на градот треба да биде засновано на информации и податоци кои ги застапуваат интересите на сите корисници. Изработуваме студии засновани на научни истражувања, факти и податоци, со цел да придонесеме кон инклузивно, одржливо и правично уредување на градскиот простор.
АКТИВАЦИЈА НА ЈАВНИ ПРОСТОРИ
Преку мали, но внимателно осмислени интервенции, настани и партиципативни процеси, ги реобмислуваме запоставените или нефункционални простори и поттикнуваме нивна социјална, културна и еколошка валоризација.
ПРАВНА ПОМОШ, ЗАСТАПУВАЊЕ И ЕДУКАЦИЈА
Нудиме правна помош во остварувањето на правото на чиста, здрава и безбедна средина. Активно работиме и на застапување пред институциите за теми и прашања од јавен интерес, како и на едукација на пошироката јавност.
Пасош на Скопје е дигитална платформа чијашто цел е да ги мапира, класифицира и оцени просторните елементи и содржини со кои располага Скопје
Сакате да дознаете повеќе за нашата работа?

